август 12, 2026

Волонтерите делеа вода со цел превенција и заштита од топлотен бран

Во деновите кога високите температури претставуваат сериозен ризик, малите гестови можат да направат голема разлика.

На 07.08.2026, со цел превенција од топлотен бран, волонтерите на ЦКРСМ Општинска организација Радовиш излегоа на терен и делеа вода на граѓаните, потсетувајќи ги колку е важно да останат хидрирани и да се заштитат од последиците од топлотниот бран.

Грижата за заедницата започнува со едноставни дела на хуманост.

Tags: , ,
< врати се назад