Дејствување

Активности на младите во Клубот на млади при ЦКРСМ Општинска организација Радовиш

Работата на младите во Клубот на млади е насочена кон потребите на младите луѓе, преку пристапот врсник на врсник и разни облици на неформално едуцирање со цел промоција и унапредување на здравјето, ублажување на социјалните проблеми преку хуманитарни акции, дејствување при итни состојби од хуманитарен аспект, зачувување на достоинствата и различностите, обучување на младата популација за заштита и самозаштита, стекнување со вештини од областа на првата помош, промовирање на принципите на движењето, повикување на култура на дијалог за взаемно разбирање, толеранција и хуман однос без дискриминација.

Активности кои ги реализираат волонтерите во Клубот на млади:

1. Дисеминација за движењето на Црвениот крст и Црвената полумесечина;

2. Иницијативи за хуманитарна поддршка на поединец или целна група;

3. Промоција на хумани вредности

4. Врсничка едукација за превентивни програми на Црвен крст на Република Северна Македонија;

5. Натпревари по прва помош;

6. Одбележување на Светскиот ден на Црвениот крст и Црвена полумесечина – 8 мај;

7. Одбележување на Недела на млади на ЦКРСМ 01-07 Октомври;

8. Одбележување на Светскиот ден на волонтерството – 5 декември;

9. Обуки за зајакнување на капацитети на младите волонтери;

10. Вклучување во програмските активности на Националното друштво

< врати се назад