За нас
Младите од Црвениот крст на Република Северна Македонија се млади луѓе од територијата на Република Северна Македонија, кои се залагаат за подобрување на животот на ранливото население, со искористување на слободното време за волонтирање во активностите и програмите на националното друштво.
Волонтерите во клубот на млади се на возраст од 15 до 29 години, од различна националност и верска припадност и се организирани на национално и локално ниво. Правата и обврските на волонтерите во клубовите на мласи се уредени со одредбите од Статутот на ЦКРСМ и Правилникот за волонтирање во ЦКРСМ.
Во рамките на Општина Радовиш, во Општинската организација на Црвен крст младите се организирани во Клуб на млади Радовиш, додека на национално ниво претставници од клубовите на млади го сочинуваат Советот на млади како највисок орган на Младите на Црвен крст на Република Македонија.
Во 2026 беа спроведени избори, па за мандатниот период 2026-2028 во Клубот на млади при ЦКРСМ Оштинска организација Радовиш избрано е ново раководство.

Сите клубови на млади функционираат согласност со Правилникот за организација и работа на Младите на Црвен крст на РМ и Статутите во Општинските организации и Црвен крст на град Скопје. Покрај тоа, секој клуб на млади поседува свое Упатство за организирање кое го опишува начинот на организирање кој се разликува зависно од потребите на клубот. Во некои клубови на млади постои разгранетост на помали организациони форми заради обемната територијална покриеност во училишта или месни заедници (училишни клубови за едукација и превенција), а пак некаде има и ограноци на клубовите организирани за дејствување во одредени програми ( Клуб 25 или клуб на млади крводарители).
< врати се назад
























