СТРУКТУРА И ОРГАНИЗАЦИОНА ПОСТАВЕНОСТ

Општинската организација е организирана на:

  • општинско ниво
  • основно ниво

Органи на  Општинската организација се:

– Тела со раководни функции:

  •           Собрание
  •           Раководен одбор
  •           Претседател и
  •           Потпретседател

– Тело со извршна функција:

  •           Секретар
ЦКРСМ Општинска организација Радовиш делува на територија на Општина Радовиш и Општина Конче.

Во својата структурна поставеност ЦКРСМ Општинска организација Радовиш има Собрание, како највисок орган на управување, Расководен одбор, Претседател, Потпретседател, Финансиска ко­ми­сија, Клуб на млади на Општинска организација Радовиш и комисии како советодавни работни тела и Секретар.

Организирани се голем број активности од социјалната програма, здравственото воспитување и превентивата, првата помош, превенција на болести на срцево крвните садови, превенција на ракот, превенција на туберкулозата, превенција на зависностите, психолошка поддршка, грижата за бегалците и раселените лица, унапредување на крводарителството преку доброволност, анонимност и бесплатност, програма за подготвеност во услови на катастрофи и обука, а посебно внимание е посветувано за современа дисеминација и ширење на меѓународното хуманитарно право и активностите на Клуб на млади на Општинска организација Радовиш, како и голем број други активности.

< врати се назад