Помош и нега во домот

Програмата за помош и нега во домот на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Радовиш се спроведува на територијата на Општина Радовиш со ангажман на шест негователи и еден координатор на услугата. Програмата е наменета за стари, изнемоштени лица и лица со намален функционален капацитет на кои им е потребна поддршка во секојдневното функционирање и извршувањето на основните животни активности.

Услугата се реализира согласно Правилникот за начинот и обемот на социјалните услуги, нормативите и стандардите за давање на услугата помош и нега во домот, како и согласно одредбите од Законот за социјалната заштита. Преку стручна, навремена и квалитетна поддршка се овозможува корисниците да продолжат да живеат во својата домашна средина, задржувајќи го достоинството и независноста во секојдневниот живот.

Со спроведувањето на програмата се придонесува кон подобрување на квалитетот на животот на корисниците, намалување на социјалната изолираност и обезбедување поголема сигурност и поддршка за нив и нивните семејства.

< врати се назад