Лична асистенција на лица со попреченост

Програмата за лична асистенција има за цел да обезбеди индивидуална поддршка и помош за лица со попреченост, со што се овозможува нивно понезависно и поквалитетно живеење во заедницата. Услугата се реализира преку ангажирани и обучени лични асистенти кои обезбедуваат поддршка согласно индивидуалните потреби на корисниците.

Програмата за лична асистенција, Црвен крст на РСМ – Општинска организација Радовиш од 2025 ја спроведува на територијата на Општина Радовиш со ангажирани девет лични асистенти и еден координатор за услугата. Програмата обезбедува индивидуална помош и поддршка на лица со попреченост, со цел подобрување на нивната самостојност, независно живеење и активно учество во заедницата.

Услугата се реализира согласно Правилникот за начинот и обемот на социјалните услуги, нормативите и стандардите за давање на услугата лична асистенција, како и согласно одредбите од Законот за социјалната заштита. Преку професионален и координиран пристап се обезбедува квалитетна и навремена поддршка во согласност со индивидуалните потреби на корисниците.

Со спроведувањето на програмата се придонесува кон подобрување на квалитетот на животот на лицата со попреченост, нивна поголема социјална вклученост и создавање услови за рамноправно учество во сите сфери на општествениот живот.

< врати се назад