септември 15, 2026

Со училишен прибор ги израдувавме децата од социјално загрозени семејства

Заедно создаваме посреќни почетоци!

Од првите собирни акции пред „Сони Мегасторе“, преку пакувањето и подготовката, па сè до делењето на пакетите со училишен прибор по семејствата – секој чекор беше исполнет со хуманост, љубов и желба да помогнеме.

Благодарение на сите хумани граѓани кои се приклучија на акцијата, успеавме да израдуваме неколку дечиња од социјално загрозени семејства и да им го олесниме почетокот на новата учебна година.

Зад секој дониран прибор стои едно големо срце, а зад секој насмеан детски лик – заедничко дело на сите нас.

Ви благодариме што заедно создаваме причини за детски насмевки.

Tags: , , ,
< врати се назад