септември 15, 2026

Летен младински камп на ЦКРСМ – ОО Радовиш

Од 24 до 26 август, на прекрасната локација „Св. Георги“ – Ораовица, ООЦК Радовиш го реализираше летниот младински камп „Better Me, Better We“ – три дена исполнети со учење, дружење, предизвици, разговори и моменти што ќе ги паметиме.

Главната идеја на кампот беше едноставна, но важна: за да можеме да бидеме подобри волонтери и да придонесуваме во нашата заедница, најпрво треба да се грижиме за себе и за луѓето околу нас.

Низ различни сесии разговаравме за превенција од burnout, ненасилна комуникација, младинско лидерство на терен и современите начини на користење на спортот за развој преку Sport for Development. Со Далас од Мировниот корпус разговаравме за тоа што значи да се чувствуваш како вистински дел од една група и како да создадеме средина во која секој се чувствува прифатено и важно.

А бидејќи грижата за себе не е само разговор, имавме и јога сесија со нашата јога инструкторка Вале, која ни помогна да забавиме, да се опуштиме и да одвоиме време за себе. Вале, ти благодариме за прекрасната сесија, позитивната енергија и времето што го сподели со нас!

Вечерите беа резервирани за она што најмногу нè поврзува – филмска вечер, разговори покрај логорскиот оган, смеа и дружење.

Посебна вредност на кампот му даде и тоа што со нас беа млади и волонтери од Струмица, Делчево, Куманово, Пробиштип, Неготино и Радовиш. Различни градови, различни искуства, но една заедничка идеја – да бидеме подобри за себе и подобри едни за други.

Овој камп немаше да биде ист без поддршката од нашите спонзори: Центар за транскултурна комуникација Софт-Скилс, Пекара Облат, Restoran Maestral-As , Lounge bar TI-amo Garden, MAKOM, Теко Милк Aleksandar Gozev и Ilija Petrov. Ви благодариме што верувавте во младите и помогнавте „Better Me, Better We“ да стане реалност.

Три дена можеби се кратки, но доволни за да се создадат нови пријателства, нови идеи и спомени што остануваат.

Better Me. Better We. Better Community.

Tags: , , , ,
< врати се назад