
Летен камп на Оперативни сили на ЦКРСМ – Сарај 2026
Во периодот од 05 до 07 јуни 2026 година во Сарај, тим од претставници на Црвен крст на РСМ ОО Радовиш учествуваше на Летен камп на Оперативни сили на ЦКРСМ – Сарај 2026, во организација на Црвен крст на Република Северна Македонија.
Настанот ги обедини припадниците на оперативните сили на Црвениот крст, кои преку практични вежби, тимска работа и размена на искуства ги унапредија своите знаења и вештини за дејствување во итни и кризни ситуации.
Претставниците на Црвен крст на РСМ ОО Радовиш активно учествуваа во сите активности на кампот, придонесувајќи кон јакнењето на подготвеноста, координацијата и капацитетите на оперативните сили, како и кон унапредување на меѓусебната соработка и хуманите вредности.



< врати се назад

























