август 12, 2026

Јога час, партнерска активност со Клубот на млади Струмица

Застани. Вдиши. Опушти се.

Во свет во кој постојано брзаме, лесно забораваме да си подариме момент за себе. Направивме јога сесија која беше токму таков потсетник: Мирот започнува од нас, а грижата за себе е првиот чекор кон грижата за другите.

Особено ни беше драго што оваа активност ја споделивме со нашите пријатели и волонтери од нашиот партнер клуб – Црвен крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Струмица . Ваквите средби создаваат нови пријателства, ја зајакнуваат соработката и нè потсетуваат колку е убаво кога младите се поврзуваат преку заеднички вредности.

Искрена благодарност до @valeyogaspace за прекрасната јога сесија, позитивната енергија и инспирацијата да забавиме, да земеме длабок здив и барем за миг да се посветиме на себе. 🤍

Голема благодарност и до Lounge bar TI-amo Garden што со вкусната храна и освежителните пијалоци придонесе ова дружење да биде уште попријатно за сите присутни.

Најдобрата верзија од себе не ја создаваме кога постојано брзаме, туку кога ќе застанеме, ќе вдишиме и ќе си дозволиме момент на мир. Токму таа верзија од нас има најмногу да ѝ даде на заедницата.

Видеото од активноста може да го погледнете тука.

Tags: , , ,
< врати се назад